На 25 ноември, концерт на „Гортинија“

17

На 25 ноември, 2022 година, во Народниот театар Гевгелија, Градскиот мешан хор „Гортинија“ ќе го одржи својот
Rock ‘n’ choir концерт. Под диригентската палка на диригентот, м-р Илија Атанасов, ќе бидат изведени 10 познати рок-нумери на групите и рок-пејачи: Toto, Guns N’ Roses, AC/DC, Deep Purple, Queen, „Леб и сол“, „Конкорд“, „Зијан“ и Леонард Коен.
На „Гортинија“, во изведбата на овие рок-класици ќе му се придружат солистите: Цеца Демерџиева Динева, Теодора
Атанасова, Дорис Старчева Јованова, Андон Михајлов, Теда – Теодора Гошева Капсарова, и Коце Динев, а за инструменталната
позадина е формиран и рок-бенд, во состав на: Пенче Кралев-бас-гитара, Момчило Делев- тапани, Коста Елбасановски- клавијатури, Слободан Крџев и Антонио Какров- гитара. Концертот ќе започне во 19.30 часот, а влезот е слободен.
Рок-концертот на „Гортинија“ е поддржан од Министерството за култура, како и од Општина Гевгелија, преку Програмата за финанасиска поддршка на проектите и активностите од областа на културата за 2022 година.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.