Почетна ЖИВОТ Хортикултура ЕКО КУЛТУРА: Нови дрвја долж гевгелиската улица „Железничка”

ЕКО КУЛТУРА: Нови дрвја долж гевгелиската улица „Железничка”

13.03.2023

Во тек е уредувањето на тротоарите долж улицата „Железничка“ во Гевгелија. Изведбените работи покрај уредувањето со павер- елементи, опфаќаат и проширување на тротоарите. Имено, реконструкцијата се реализира по добиената дозвола за проширување на старите пешачки патеки од безбедносни причини- повеќе место за движење и рекреација на граѓаните.
Исто така, на неколку места, тротоарите се уредуваат и хортикултурно, со нови дрвја долж улицата „Железничка“.

metropolis-big