“Екран” денес полни 51 година од првиот број

208

На 20 ноември 1970 година излезе првиот број на легендарната ревија за музика, филм, театар, мода, ТВ “Екран” со насловна страница која ја красеше легендата на македонската забавна песна, Сашка Петковска.

„Екран“ најпрвин почна да излегува како подлисток, односно неделен додаток на дневниот весник „Нова Македонија“, а подоцна прерасна во самостојно издание.

Беше списание кое се читаше од Вардар па до Триглав, и во него беше опфатено се што се случуваше на сцената во Македонија и поранешна Југославија.
Списанието одамна не постои.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.