Формиран шаховски клуб “7 Ноември”

191

На прием кај градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, беа претставници на новоформираниот Шаховски клуб „7 Ноември“- Гевгелија. Имено, на средбата на Сарамандов
со претседателот на Клубот, Пепи Танчев и секретарот Слободан Дачев стана збор за активностите на Шаховскиот клуб и
соработката со Општина Гевгелија.
Градоначалникот ја изрази својата поддршка, особено, кога станува збор за обновување на клубови кои во минатото биле во функција и од големо значење за развивање на спортскиот живот во градот. Оттука и отвореноста за соработката, имајќи предвид дека во Гевгелија имало и има вљубеници во шахот, како и од реалната потреба за повторно профункционирање на ваков градски клуб.
Секако, и идејата за членување на млади, кои преку шаховската игра ќе ја развиваат интелигенцијата и комбинаториката.
Посакувајќи им на клубскиот тим успешна работа, во иднина со постигање резултати на домашни и меѓународни шаховски првенства.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.