Гевгелија: И децата од претшколската возраст ја празнуваат Светската недела на детето

181

(Гевгелија, 6 октомври 2021)
Детските градинки од општина Гевгелија започнаа со активностите за одбележување на Светската недела на детето. Под мотото „Детето е дете да го сакате и разберете“, денеска, активностите започнаа со разговор посветен на Конвенцијата на детските права и обработка на стихотворба на истата тематка.
Во наредните денови од неделата, до 9 октомври, за децата од претшколската возраст се предвидени и активности од областа на спортот и културата. Како детска олимпијада под мотото „Спортувам, се движам, за здравјето се грижам“, куклена претстава на тема „Детските права не се учат, туку се живеат секој ден“, музичка точка „Нека победи највеселиот“ и активности од областа на ликовната уметност со со мотото „Имам право да празнувам“. Предвидена е активност- црнатање со креди во дворот по повод државниот празник 11 Октомври на тема „Знамето на мојата татковина“со мотото „Имам право да
празнувам“.
Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, по повод Светскиот ден на учителот и започнувањето на Светската недела на детето упати честитка до сите наставници и деца, во која истакна:
– Учители, наставници, професори, честит да Ви е Светскиот ден на учителот! Ја имате најблагородната професија- ги пренесувате основните на знаењата, навиките и умешностите на децата. Го поминувате половина од денот со вашите ученици, препознавајќи ги нивните потреби и интереси, покажувајќи им го
патот до новите спознанија и новите можности. Вие ја градите нашата иднина, со љубов, посветеност и ентузијазам, но и одговорност. Ви честитам за вашата истрајност, вложениот труд и поддршката која им ја пружите на учениците овозможувајќи им да го искористат својот потенцијал, да го негуваат своето
достоинство и да бидат светла точка во општеството!
Драги деца, вам Ви ја честитам Светската недела на детето, која започнува денеска, токму на Светскиот ден на учителот! Ви посакувам да имате безгрижни денови, само насмевки на вашите лица, растејќи во семејна хармонија и бесконечна среќа. Уживајте во детството, учете, почитувајте ги
возрасните и своите врсници. Градете го својот свет без граници, со разбирање за секого, потпирајќи се на сите вредности кои ќе ве направат посилни и подготвени за справување со секој предизвик. Бидете живи и здрави!

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.