ГЕВГЕЛИЈА: “Поддај рака и промени живот- Стани згрижувач!“

21

На 7 јуни, 2022 година (вторник), по повод Меѓународниот ден на згрижувачките семејства, пред платото на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 19 часот, Општина Гевгелија
ќе биде домаќин на промотивен настан: „Поддај рака и промени живот- Стани згрижувач!“. Истиот е дел од кампањата на СОС Детско село за покренување на свеста и информирање за значењето и бенефитите на Програмата за згрижување деца.
Имено, Општина Гевгелија е партнер во реализацијата на настанот, во рамки на проектот на СОС Детско село Право на
семејство- „Унапредување на системски недостатоци- Поддршка на реформите во системот за заштита на деца“, согласно
Визијата, Мисијата и Вредностите на организацијата.
На настанот, воведно обраќање ќе има градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, кој ќе зборува за развојот на социјалните услуги во локалната заедница. Притоа, за темата
ќе зборуваат: државниот секретар на МТСП, Ресми Ејуп; претставник од Центар за поддршка на згрижувачки семества-
СОС Детско село, Јагода Насковска; Оливера Миленковска-згрижувач; Цветанка Николовска, која ќе сподели искуство како е да бидеш згрижен; како и директорката на ЈУМЦСР Гевгелија,
Васка Јанчев.
По тој повод, Општина Гевгелија ги поканува граѓаните да дојдат и да го проследат настанот. Кампањата и проектот се од огромно значење за СОС
Детско село, бидејќи покрај тоа што ја зголемува свесноста за згрижување на деца, го зголемува и бројот на потенцијални згрижувачи и истовремено креира достапна мрежа на згрижувачки/роднински семејства низ целата територија на државата. На тој начин, се придонесува децата да продолжат да
живеат во познато опкружување, културолошки блиски на нивното
потекло, преку истовремено обезбедување грижа и заштита на децата, одржување на врските со семејството, заедницата и културното потекло.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.