Гевгелија: Учете на курс за тапани

44

!
По иницијатива на градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, за поголема ангажираност на младите од
општина Гевгелија, се отвора и Курс за изучување на инструментот тапани. За таа цел, Општина Гевгелија oбјави повик
за пријавување деца, на возраст од возраст од 7 до 18 години.
Децата кои сакаат да го посетуваат курсот, треба да се пријават до 29 ноември, 2022 година, од 08:00 до 15:00 часот, на телефонскиот број: 071/495-381, лице за контакт: Moмчило Делев.
Курсот за изучување тапани ќе се одржува во просториите на Пионерскиот дом- Гевгелија, а ќе го води Момчило Делев.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.