” Ѓура Мара” со своите гости вечерва одржува концерт

34

26 април 2022

Во организација на КУД „Танец“, Миравци, денеска, пред платото на Домот на културата во Миравци, со почеток во 20 часот, ќе биде одржана традиционалната манифестација „Ѓура Мара“. Годинава, повторно девојките и повозрасните жени од Миравци ќе го заиграат орото кое го симболизира грабнувањето на убавата мома Мара. Поради пандемијата од КОВИД-19, две
години по ред, организаторот беше принуден настанот со гостувањата и претставувањата на културно уметничките друштва од збратимените општини и од градовите во државата да го замени со тридневна изложба на фотографии „Ѓура Мара во сеќавање низ времето“.
На денешната манифестацијата, покрај КУД „Танец“, ќе учествуваат: КУД „Паја Зариќ“ од Нови Карловци, општина Иџија, Р. Србија и „Фолклорна низа“ од Струмица.
Покровители на „Ѓура Мара“ се Општина Гевгелија и Министерството за култура.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.