“Грижи се” , за најранливите категории

125

Проектот Грижи се” е поддржан од меѓународната програма на Сојузното министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите на Република Австрија, и тој обезбедува директна поддршка на најранливите категории во справување со влијанието на кризата, предизвикана од пандемијата од КОВИД-19. Главен акцент е ставен на ромската популација, бездомниците, жените и лицата во социјален ризик во земјите од Западен Балкан. Проектот е на регионално ниво, и во него се вклучени четири земји, меѓу кои е и Р.С. Македонија. Во нашата држава, проектот го имплементираат Хуманитарно добротворната фондација МАКЕДОНСКИ КАРИТАС – Скопје, Асоцијацијата за Демократски развој на Ромите СОНЦЕ – Тетово и Здружението на граѓани за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци ЉУБЕЗНОСТ – Скопје. Иницијалната средба ќе се одржи онлајн на платформата ЗООМ, во четврток, 18-ти ноември од 11 до 12. 30 часот.

 Во проектот се опфатени активности кои се однесуваат наобезбедување  домување на бездомни лица, обуки/работилници за животни вештини, психо-социјална поддршка за ранливите категории, стручно советување, образовна асистенција на деца од основно образование, посети на домови, обезбедување на правна, медицинска помош, поддршка при обезбедување на социјални трансфери, остварување на правата од областа на социјалната и здравствената заштита на корисниците. Дополнително, во проектот ќе се пилотира активноста за асистенција при отварање на банкарски сметки и финансиска писменост на бездомните семејства. На настанот се поканети претставници од Амбасадата на Република Австрија,  Сојузното Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите на Република Австрија, Каритас Австрија, претставници на јавните и државните институции од клучните области на делување, претставници на граѓанскиот сектор, приватни компании, претставници на локалните самоуправи од целните општини. Во контекст на програмските проектни активности, за работата на терен, досегашните постигнувањата, предизвиците при работата, ќе стане збор на самиот настан.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.