Ѕвонче – лек од природата

1283
OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Ѕвонче – лек од природата

Ѕвонче (campanula rapunculus)е повеќегодишно растение кое го красат преубави мали бели, сини, розеви и виолетови цветови, кои се состојат од пет латици кои се распоредени во облик на ѕвонче. Стеблото на ова растение е прекриено со ситни влакненца и расте до еден метар во висина и на врвот се разгранува а коренот му е долгнавест ризом. Листовите имаат плоснат облик со ресести ивици и растат до 12 сантиметри.

Расте спонтано на поднебјето на Европа, на необработени терени, во шуми и ливади се до 1500 метри надморска висина. Во некои земји берењето на ова растение е забрането.

Во март се берат листовите кои во овој период се значително омекнати. Подземното стебло-ризомот личи на корен на морков и има благ вкус, додека листовите имаат горчлив вкус.

Ѕвончето има дезинфекциони и противвоспалителни својства, а посебно се препорачува на дијабетичарите. Богато е со витамин Ц, влакна, протеини и минерални соли.

Како се користи во кујна?

Листовите се совршени свежи за салати или да се пропржат на масло со лук, инчуини и лута пиперка а може да се додаде презла или суво грозје. Коренот може да се јаде зготвен со тоа што треба да се набере од големо растение. Се вари неколку минути во зовриена посолена вода па се пржи во тава на малку путер се додека да добие златна боја.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.