Гевгелија: Конкурс за финансирање на проекти од областа на културата и спортот за 2024 година

43

Oпштина Гевгелија го објави Конкурсот за финансирање проекти од областа на култура од значење на општина Гевгелија за 2024 година. На Конкурсот, имаат право да учествуваат: уметници, самостојни уметници, установи од областа на културата со седиште во општина Гевгелија, здруженија на граѓани, физички и правни лица, регистрирани во Република Северна Македонија за дејности од областа на културата, согласно Законот за културата и други позитивни законски прописи.
Конкурсот е отворен до 15 ноември 2023 година. Пријавите (се преземаат од веб-страната на Општина Гевгелија) со потребните документи, апликантите треба да ги достават до Општина Гевгелија, преку пошта на адреса: ул. „Димитар Влахов“ бр.4, Гевгелија или во Архивата на Општина Гевгелија, најдоцна до 16:00 часот на последниот ден од завршувањето на Конкурсот, со назнака „Конкурс за финансирање проекти од областа на културата за 2024 година“.
Апликантите задолжително треба да ги достават пријавите и по електронски пат (Word документ) на следнава е-mail адреса: [email protected]. Резултатите од Kонкурсот ќе бидат објавени во вид на Програма за финансирање проекти од областа на културата од интерес на Општина Гевгелија за 2024 година, којашто ја носи Советот на Општина Гевгелија, а ќе биде објавена во Службен гласник и веб-страницата на Општината.
Дополнителни информации можат да се добијат на тел.: 071/207- 199 и 075/219-453.
Општина Гевгелија ги потсетува корисниците на буџетски средства по Програма за финансирање на програми и проекти од областа на културата од интерес на општина Гевгелија за 2023 година дека се должни да достават наративен и финансов извештај за реализираните активности до крајот на декември 2023 година. Носителите на активности кои нема да достават финансов и наративен извештај, нема да бидат опфатени во Програмата за наредната година.

***

Oпштина Гевгелија, исто така го објави Конкурсот за финансирање: програми, проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот за 2024 година. На Конкурсот, имаат право да учествуваат правни и физички лица од државата. Под правни лица се подразбираат: спортски здруженија, спортски клубови, здруженија на граѓани, училишни спортски сојузи, трговски друштва, акционерски друштва, трговци поединци регистрирани за вршење дејност спорт, како и правно лице кое покрај регистрацијата за вршење дејност од друга област, е регистрирано и за вршење дејност спорт.
Конкурсот e отворен до 15 ноември 2023 година и истиот е
објавен на веб-страната на Општина Гевгелија. Пријавите со потребните документи апликантите треба да ги достават до Општина Гевгелија, преку пошта на адреса: ул. „Димитар Влахов“ бр.4, Гевгелија или во Архивата на Општина Гевгелија, најдоцна до 16:00 часот на последниот ден од завршувањето на Конкурсот, со назнака „Конкурс за финансирање програми, проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот за 2024 година “.
Апликантите задолжително треба да ги достават пријавите и по електронски пат (Word документ) на следнава е-mail адреса: [email protected]. Резултатите од Kонкурсот ќе бидат објавени во вид на Програма за финансирање: програми, проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот за 2024 година, којашто ја носи Советот на Општина Гевгелија, а ќе биде објавена во Службен гласник и веб-страницата на Општината.
Дополнителни информации можат да се добијат на тел.: 071/207- 199 и 075/219-453.
Општина Гевгелија ги потсетува корисниците на буџетски средства по Програма за финансирање на спортските активности во општина Гевгелија за 2023 година дека се должни да достават наративен и финансов извештај за реализираните активности до крајот на декември 2023 година. Носителите на активности кои нема да достават финансов и наративен извештај, нема да бидат опфатени во Програмата за наредната година.

Apel so predlo`eni merki za za{tita od po`ari vo tekot na grejnata sezona
ТППЕ- Гевгелија и Општина Гевгелија упатуваат апел до граѓаните од општините Гевгелија, Богданци и Дојран за поголемо внимание од пожари во текот на грејната сезона која започна од 15 октомври. Се апелира до граѓаните за преземање соодветни мерки и активности:
– да ги одржуваат оџаците на зградите и куќите и димоводните уреди преку редовни прегледи и чистење од саѓи;
– пепелта од грејните тела да не се фрла во контејнерите за одлагање отпад, поставени на јавно-прометните површини;
– да се избегнува неправилно складирање на запаливи течности, гасови и цврсти запаливи материи;
– да се врши проверка на електричната инсталација, грејните тела, апаратите и уредите во домаќинствата и институциите. Како и да се избегнува преоптовареноста на електричните инсталации, премостување на осигурувачи и да се внимава на кратки споеви и електрично искрење;
– редовно да се контролира исправноста на хидрантите, да се одржуваат противпожарните апарати и врши примена на другите мерки за заштита од пожари во институциите, како: училишта, болница, градинки, спортски сали, индустриски и станбени објекти;
– да се одржува проодноста до станбените згради и проодноста на скалите за брза интервенција на ТППЕ- Гевгелија доколку има потреба.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.