Ненад Георгиевски и Мијалче- Мишко Иванов добитници на награда „Мито Хаџи Василев- Јасмин“

36

Ненад Георгиевски и Мијалче- Мишко Иванов се годинашни добитници на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2023 година, за остварувања во областа на публицистиката и новинарството од интерес на С. Македонија.
Наградата за остварување во публицистиката му е доделена на новинарот и публицист Ненад Георгиевски, а Мијалче Иванов е добитник на наградата за остварување во областа на новинарството.
Претседател на Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев– Јасмин“ е Зоран Бојаровски.
Наградата на добитниците ќе ѝм биде врачена на 21 декември 2023 година (четврток) во 12 часот, во свечената сала на Собранието на Република С. Македонија.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.