Грмат “Хероите на Македонија”!

210

“Хероите на Македонија” е наслов на алманах кој неодамна го здогледа светлото на денот и ја разбранува читателската публика, која достоинствено ги слави жртвите од минатото кои се бореле и херојски ги положиле своите животи за оваа земја.
Промоцијата на алманахот се одржа на 25 октомври 2023 година, како прв во низата која ќе следува,а кои ќе се издаваат на иницијатива на Здружението Хуманитарно- Културен “Феникс”, со цел зачувување и афирмација на македонската култура, историја, традиција, обичаи, јазик, писменост, но и за негување на хуманитарните и цивилизациски вредности.
Алманах од ваков вид за прв пат се издава во Македонија. Во него има поезија од група автори од Македонија и други земји, посветена на хероите на Македонија кои се бореле за слободна Македонија и македонската државност во периодот пред и за време на Илинденското востание, периодот по Илинденското востание, НОБ и по ослободувањето сè до најновата македонската историја и актуелното време.
Во него е застапена и поезија посветена на Македонија и на македонскиот народ како најголемиот херој во една долга, тешка, и макотрпна историја.
Низ страниците на книгата се вткаени душите на авторите, души во кои живее длабоката почит кон хероите, пркосот кон неправдите, чувството за национална припадност, жедта за слобода и љубовта кон татковината.
– Целта на Алманахот е да се опеат хероите, но и да го сочуваме аманетот, да се почуствуваме горди како Македонци да се роди повторно црвено- жолтиот Македонски Феникс во време кога од сите страни нѐ атакуваат, негираат, асимилираат, преименуваат, изјавува Билјана Челик, од Здружението “Феникс”.


Првиот алманах беше поддржан од Општина Ѓорче Петров, во која општина и се одржа промоција.
На промоцијата покрај стихови во рецитација на поетите присутните кои беа во голем број можеа да ги чујат и реномираните уметници: оперскиот пејач Давид Миладинов, водителката и пејачка Јулија Мациев, многу музичари и поети и поетеси, како Љупчо Јовановски, Лилјана Стоилковска, Гоце Касаповски, и други, играорците од ЕФЗ 7/8 и ннклузивниот хор на лицата од Здружението за поддршка на лица со Даунов синдром.

***
Потоа, во рамките на деновите на македонската култура во Хрватска во организација на Друштвото на писатели на Хрватска и КУД “Илинден” од Риека, почесниот претседател на друштвото на писателите на Хрватска направија промоција на Алманахот “Хероите на Македонија” во Риека.

***
Следува и објавување на втората книга од серијалот “Хероите на Македонија, со најавена промоција на 28 декември (четврток) со почеток во 18 часот во Универзитетот Скопје.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.