Препораки за нормално функционирање на лицата со посебни потреби

31
 На 15 седница на Советот на Општина Гевгелија, од страна на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работаГевгелија уследи иnформација за состојбата со архитектонските
бариери, со кои се соочуваат лицата со посебни потреби од Општина Гевгелија. Во рамки на информацијата, беа пренесени и неколку препораки до локалната самоуправа за подобрување на состојбата со архитектонските бариери и нормалното функционирање на лицата со посебни потреби.
Имено, и покрај веќе изградените пристапни рампи во повеќето јавни институции, беше спомената потребата од задолжување- банките, супермаркетите, верските објекти, како и инвеститорите во зградите за колективно домување да предвидат финансиски средства за изградба на пристапни рампи и лифтови.
Исто така, се нагласи и потребата од означување на повеќе паркинг-простор за инвалиди, но и поголема контрола од страна на ОВР- Гевгелија за санкционирање на несовесните учесници во сообраќајот, кои го злоупотребуваат означеното место за паркирање.
За лицата со оштетен слух и говор, Општина Гевгелија да ја разледа можноста за ангажирање толкувач на знаковен јазик, како би им се олеснила комуникацијата на овие лица во извршување на секојдневните активности.
 Додека, за слабовидните и слепи лица да се изградат тактилни патеки, барем до Општата болница, но да не се исклучи и можноста за ваквиот пристап до објектите кои почесто ги користат. Во делот на патната инфраструктура и учеството во сообраќајот, беше изнесена потребата од спуштетни рабници при изградбата на тротоарите на улиците, звучна сигнализација на поголемите сообраќајници.
Пред одржувањето на 15 седница и уследувањето на ваквата информација, претставник од општинската администрација оствари работна средба со Здружението за телесен инвалидитет „Мобилност“- Гевгелија, на која беа нотирани барањата од членовите, наведени и во Информацијата од ЈУМЦСР- Гевгелија. Со надополнување дека имаат потреба и од возило за транспорт и што побргу воведување на услугата личен асистент за помош и нега во домот за лицата со телесен инвалидитет над 65 лица.
 Инаку,  во Гевгелија во тек се градежни работи за изградба и асфалтирање на две улици во Гевгелија. Во стопанската зона „Блокотехна“ се врши асфалтирање на дел од улицата. Додека, на улицата „Новопланирана 9“, во северниот дел на градот, при крај е изградбата на оваа нова улица, која опфаќа уредување на тротоарите со рабници и нејзино асфалтирање.
Градоначалникот на општина Гевгелија изврши увид при изведувањето на градежните работи на овие две улици, кои според него се oд големо значење за граѓаните на општина Гевгелија. Со изградбата на дел од улицата во стопанската зона „Блокотехна“, се подобруваат условите за проток на сообраќајот и пристапот до индустриските објекти. Додека, со изградбата на улицата „Новопланирана 9“ се овозможува сообраќајно решение за поврзување со улицата „7 Ноември“, на патниот правец Гевгелија- Негорци, за граѓаните кои живеат во станбените објекти.
Зафатите се реализираат со средства од Општинскиот буџет, согласно Програмата за подобрување на патната инфраструктура во Општина Гевгелија за 2022 година.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.