Хуманост на дело-„Копче„ во месец мај со проект за младите

890

„Копче“ е проект кој го разви Црвен крст на Република Македонија – Црвениот крст на град Скопје, како резултат на долгогодишно работење во областа на донирањето на облека и дистрибуција на истата до најзагрозените и веќе за едн агодина се етаблира меѓу сите оние кои сакаат да помагаат и сите оние на кои помошта им е потребна. На годишно ниво Црвениот крст прима околу 20 тони донирана облека и помага на повеќе од 2000 лица во ризик на територија на град Скопје. 

Копче е проект создаден за да овозможи поефикасен систем на дистрибуција на облека до лицата во ризик, лесен пристап до облека со ниски цени за сите граѓани со цел да го зачува достоинството на оние кои имаат ниски пирмања, а не бараат помош, вработување на ранливи целни групи и придонес во зачувување на животната средина.

 

 

Месецот мај  Копче го посветува на младите и успешни луѓе кои завршуваат една среќна приказна во своето образование. Подарете ја облеката од својата матурска или апсолвентска вечер и погрижете се некоја девојка или момче да блесне на оваа посебна ноќ! Сите вие кои сте во потрага по совршениот изглед за матурската или апсолвентска ноќ, посетете го Копче и пронајдете сѐ што ви е потребно за да го добиете изгледот кој сте го замислиле!-велат во нивното обраќање до јавноста.

Подарувајте во Копче и во нашата кутија поставена на Бродот на среќата, наспроти Холидеј Инн

Секогаш подадената рака и хуманоста Ве прави среќни и уште покорисни членови на општеството. Замислете си ја радоста на тие што ќе ја примат вашата подадена рака и сигурно ќе бидете посреќни.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.