И Стадим се закити со награда од Цветин

265

По неколкуте наградувања на личности кои остварувале мирољубива мисија преку својата работа, македонскиот хуманист и уметник Живко Поповски – Цветин со “Цветинова награда за мир” го награди и познатиот уметник Ставре Димитров Стадим. 

Роден е во 1941 година во с. Росен, Леринско Грција. Од 1955 годин, живеел во Ташкент, Узбекистан, каде во 1972 година завршил Академија за ликовна уметност. Член на Здружението на ликовни уметници на Узбекистан и почесен член на Академијата на науки и ликовни уметности на Узбекистан. Член е на ДЛУМ од 1986. Самостојни изложби во: Рига, Талин, Омск,Ташкент.

Учествувал на голем број групни изложби и манифестации, има направено портрети за многу познати личности од Македонија и Европа. 

Ставре Димитров Стадим е мој учител, тој во 1997 година ме покани во Меѓународната колонија на Стопанска банка, во “Борик” крај Охридското езеро близу хотел ,,Силекс” и таму ме научи да сликам со шпакла и акрилни бои на платно. Во 1998 година една моја слика беше ставена во календар на Стопанска банка. Со Стадим заедно учествувавме во Меѓународна ликовна колонија ,,Вевчански видувања”, Вевчани како и во повеќе други средби каде што несебично ме насочуваше во уметноста, ни изјави Цветин.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.