Презентирана студија за прва зелена и здравствена индустриска зона во Македонија

81

Согласно новиот концепт на ТИРЗ за привлекување инвестиции, презентирана е студијата за индустриската развојна зона „Прдејци“, во Гевгелија. На презентацијата на студијата за зоната во Гевгелија, на која присуствуваше и градоначалникот на
општина Гевгелија, Андон Сарамандов, директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски нагласи дека зоната ќе се фокусира на поддршка на зелените индустрии во согласност со зелената агенда на ЕУ.
Покрај производствените компании во зоната, ќе има можност за инвестиции, поддржани од државата во секторот на здравствените услуги. Имено, студијата нуди нови инвестициски модели и можности за инвестирање за широк опсег на индустрии
и е дел од новиот пристап за развој на ТИР зоните во државата.
Зоната во Гевгелија е зона-пилот проект, по кој ќе се развиваат другите вакви зони. Целта е некаде до крајот на годината, откако ќе пристигне повратниот одговор од потенцијалните корисници или од сите други заинтересирани страни, студијата да биде финализирана и некаде на почетокот на наредната година да биде презентиорана пред Владата. Потоа, би следело и отворање на постапка за јавно приватно партнерство, поразлично од досегашната практика.
Проектот ќе се реализира во неколку фази, а преминувањето ќе зависи од одредени таргети во однос на изграденоста, поточно, приходите во буџетот и висината на платите кои што инвеститорите ќе ги плаќаат кон работниците.
Во оваа зона се размислува и за здравствен дел, со тоа што ТИРЗ Гевгелија во тој случај ќе прерасне не само во првата зелена зона во земјата, туку и во регионот. Консултантите очекуваат дека самата зона ќе генерира со овој концепт инвестиции од над 400 милиони евра. Меѓутоа, многу поважно е зоната да ги постигне бараните таргети, така што, зоната во Гевгелија ќе биде прв тест на новиот модел којшто не се базира на концептот „Македонија земја на евтина работна сила“, туку на концептот на паметно инвестирање којшто почива на висока додадена вредност, беше нагласено на презентацијата.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.