Јапонскиот народ донираше 57.365 евра во село Канатларци

164
На 7-ми декември, Неговата Екселенција Амбасадорот на Јапонија, г. Хиронори Савада, учествуваше на церемонија за комплетирање на GGP-проект во Општина Прилеп, во рамките на Јапонската програма за мали грантови за основни потреби и човекова безбедност, односно GGP. Домаќин на церемонијата беше Градоначалникот на Прилеп г. Борче Јовчески и директорот на основното училиште „Кирил и Методиј“ г. Бајрам Јусуфоски.
Проектот за подобрување на училишната средина во основното училиште „Кирил и Методиј“ во селото Канатларци во Општина Прилеп; овозможи училиштето да биде обновено со нови врати, прозорци, да се реконструираат училниците и да се изгради целосно нов дренажен систем, во вкупен износ од 57.365 евра.
Во текот на посетата, Амбасадорот Савада имаше кратка средба со градоначалникот Јовчески. За време на средбата тие разговараа да ја зајакнат соработката помеѓу Амбасадата на Јапонија и Општина Прилеп.
Амбасадорот Савада го посети училиштето „Кирил и Методиј“ во село Канатларци, каде беше пречекан од страна на учениците и учителите со приредба во знак на благодарност за донацијата од Јапонија.
Амбасадорот Савада изрази благодарност во име на јапонскиот народ за поддршката и пријателството на граѓаните на Прилеп.
Преку проектите од програмата за мали грантови (GGP), Јапонија има финансирано реновирање и набавка на опрема за повеќе од 70 училишта и градинки, 57 здравствени установи и обезбеди 31 специјализирано возило за управување со отпад и комунални услуги за 49 општини.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.