Карате клубот „ЗАНШИН-ДО“ со нови медали

32

На балканскиот турнир “Златен куп Тетово 2023” кој се одржа во Тетово на 21.10.2023 година карате клуб „ЗАНШИН ДО “- БИТОЛА настапи со 10 натпреварувачи во 15 категории и се закити со еден златен медал , еден сребрен медал и 7 бронзени медали. На овај натпревар учествуваа околу 500 натпреварувачи од 7 држави од Балканот.
За Карате Клуб „ЗАНШИН ДО“- БИТОЛА ова е голем успех бидеќи од 10 натпреварувачи се освоени 9 медали.
Од овој турнир со златен медал се закити Маргарита Велјановска ката 2009 година со сребрен медал се закитија Николај Петковски, Лана Јовановска и Дамјан Никодиновски во ката тим 2014/ 2015 година,
со бронзен медал се закитија Николај Петковски во две категории и тоа 2016 и помлади и 2015 година, Виктор Ристевски во две категории ката во 2012 година, Надалина Талевска ката 2010 год и Елена Јончевска , Леона Алиловска и Емилија Илковска во ката тим кадети /јуниори и Надалина Талевска, Тони Кулевски и Маргарита Велјановска ката тим кадети/ јуниори.
-Продолжуваме со подготовки за Државното првенство за кадети, јуниори и У-21 кое ќе се одржи на 04.11.2023 година од каде очекуваме добар пласман на каратистите од К. К. „ЗАНШИН ДО “, вели тренерот Стевка Јанковска Петковска.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.