Кина го изгради “најголемиот прочистувач на воздухот во светот”

1408

Во градот Ксиан, во провинцијата Шанкси кој се наоѓа во северна Кина, изградена е експериментална кула висока над 100 метри – најголемиот светски прочистувач на воздух.

Системот работи преку оранжерии, кои покриваат околу половина од големината на фудбалско игралиште а се околу основата на кулата. Загадениот воздух се вовлекува во оранжериите и се загрева со сончева енергија. Топлиот воздух потоа се крева низ кулата и поминува низ повеќе слоеви на филтри за чистење. Кулата прочистувач е изложена на тестирање од страна на истражувачите на Институтот за животна средина на Кинеската академија на науките.

Шефот на истражувањето, Као Јунџи, изјавил  дека подобрувањето на квалитетот на воздухот е забележано на површина од 10 квадратни километри во градот во текот на изминатите неколку месеци, а кулата успеала да произведе повеќе од 10 милиони кубни метри чист воздух. Као, во своите објаснување додава дека во сериозно загадени денови, кулата била во можност да го намали смог блиску до умерени нивоа.

Ксиан е град кој доживува тешко загадување во зима, најголем проблем е тоа што голем дел од градското греење е на јаглен. Меѓутоа, операторите на кулата велат дека системот работи и во ладните месеци, бидејќи облогите на оранжериите овозможуваат стаклото да апсорбира сончево зрачење со многу поголема ефикасност. Тимот на Као има поставено повеќе од десетина станици за следење на загадувањето во областа на кулата.

Просечното намалување на PM2.5 честичкитекои се сметаат за најштетни по здравјето – паднале за 15 проценти за време на тешките загадувања.

Менаџер во ресторан на околу 1 километар северозападно од објектот, изјавил дека забележал подобрување на квалитетот на воздухот оваа зима, иако претходно не знаел за целта на кулата.

Студент, кој ја изучува науката за животната средина во “Шанкси Нормалниот универзитет”, исто така неколку стотици метри од кулата, рекол дека подобрувањето е сосема забележително.

Сепак, наставник во детската градинка Мејлун Тјанченг на работ од зона од 10 квадратни километри рекол дека не чувствува никакви промени. “Тука е исто толку лошо како и на други места”, рекол тој.

Експерименталниот објект во Ксиан е намалена верзија на многу поголема смог кула која Као и неговите колеги се надеваат дека ќе ја градат и во други градови во Кина во иднина.

Кулата со целосна големина би достигнала височина од 500 метри и пречник од 200 метри, според пријавата за патент што ја поднеле во 2014 година.

Големината на оранжериите може да покријат речиси 30 квадратни километри, а фабриката ќе биде доволно моќна за да го прочисти воздухот за мал град.

Ваков тип на објекти за прочистување на воздух се доста потребни и во нашата држава како една од најзагадените земји во светот. Затоа се надевам дека ќе се пристапи сериозно на ова светско откритие да се примени и кај нас еден ден!

Елена Ј.Максимовска

дипломиран хидроинжинер

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.