Книжевни читања “Клинци”

12

-Некои ќе речат, а можеби и ќе викнат, гордо ќе кажат „Порано младите беа подобри…“ Инспирирани, испровоцирани, поттикнати од таквите мудри изреки, почнуваме со еден нов концепт на книжевни читања наречен „Клинци“. Секое издание ве запознаваме со четворица млади автори кои штотуку влегуваат во книжевната сцена, ве запознаваме со нивната поезија и проза, а секое издание ќе биде дополнето и со изложба!, најавуваат младите.

Второто издание ќе се одржи во Europe House Скопје, на 1. март со почеток во 20 часот!

Овојпат на „Клинци“ читаат: Викторија Ангеловска, Драгана Стојадиновска, Дамјан Златановски, Софија Тодороска.

Своја изложба ќе има Бојан Звездаковски

Модератор на настанот ќе биде Андреј Медиќ Лазаревски

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.