Манифестации, приредби и претстави за децата во Гевгелија

96
 Денеска, (8 јуни, 2022 година), ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија со свечена академија го одбележа Патрониот празник на училиштето. Свечената манифестација „Растеме, траеме,
опстојуваме“ ќе се одржи во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 19 часот.
Во чествувањето на Патрониот празник, во културно-уметничката програма  учествуваа учениците од прво до деветто  одделение кои со нивните наставници- ментори подготвија рецитал, драматизација и 05музичко-кореографски точки.
***
, СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија , утре, 9 јуни, традиционално ќе го одбележи крајот на учебната година со организацијата на свечената манифестација „Од најдобрите за најдобрите“. На завршната манифестација, со поздравен говор
пред вработените и присутните гости ќе се обрати директорката на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, Марија Танева, која на најдобрите ученици, кои во текот на учебната година постигнале
врвни резултати и го претставиле училиштето во добро светло, ќе
им додели благодарници за нивниот успех.
Во музичкиот дел од подготвената програма за завршната манифестација, под менторство на Илија Атанасов, учениците Благоја Панов и Дијана Јакимова ќе настапат со изведбата на „A whole new word“. Во рамките на работата на драмската и  литературно-рецитаторската секција, ќе биде прикажани Пародија на оперетката „Срешта“ од Војдан Чернодрински, во која учествуваат членовите на Драмската група „Дон Кихот“, во режија на Даниела Џишева и кратки сцени од „Скржавец“ на Молиер, во режија на Жаклина Атанасова. Додека, Благоја Панов, под менторство на Андријана Џинова, ќе рецитира стихови од поемата на Вилијам Шекспир- Shall I compare thee to a summer’s day.
„Од најдобрите за најдобрите“ ќе се одржи во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 20 часот.
***
 Околу 50 деца од општина Гевгелија кои се членови во Драмската секција при ЈОУ Дом на културата „Македонија“-
Гевгелија, пред публиката  ги претставаја стекнатите актерски вештини со учеството во три претстави.
На 7 јуни, 2022 година, во Народниот театар-Гевгелија, премиерно беше изведена„Волшебното кутивче“- омнибус (по текстови на Петре М. Андреевски, Киро Донев и Стојан Тарапуза). Станува збор за адаптирано сценарио кое ја прошета публиката низ стиховите
на Андреевски, низ зеленчуковите маки раскажани од Донев и по повеќе едночинки на Тарапуза и Киро Донев.
На 16 јуни, со почеток во 20 часот, во Народниот театар-Гевгелија, ќе биде прикажана театарската претстава за деца „Мачорот во чизми“, по мотиви од Шарл Перо. Преку итроштините
на Мачорот во чизми, интерпетирани од страна на дечињата, публиката ќе дознае за неговото пристигнување во кралскиот
дворец и постигањето на неговата цел.
Изведбата на театарската претстава „Обична бајка“ на Сашо Огненовски е закажана за 20 јуни, во Народниот театар-Гевгелија, со почеток во 20 часот. „Обична бајка“ е претстава што ги испреплетува реалноста и фантазијата. Мешањето на реални со епски јунаци во претставата ја открива универзалната
вистина дека секој човек има своја убавина и дека силата постои
во секој од нас. Влезот е бесплатен.
Сите претстави се во режија на Катица Џишева Дупарова, раководител на Драмската секцијa. Сценографијата е на Гордана Петрова, а костимографијата за „Волшебното кутивче“ на Михаил
Петров.
Работата на Драмската секција во рамките на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија е поддржана од градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов.
***
 ЗПСК „Кожуф“ прослави 70-годишен јубилеј, кој во Гевгелија беше одбележан со свечен настан на платото пред Народниот театар. Раководството на ЗПСК „Кожуф“- Гевгелија на свечениот настан, во знак на благодарност, им додели плакети на поединци и институции кои го помагаат клубот во неговата работа и афирмација во државата и надвор од неа.
Исто така, постхумно беа додели плакети во чест на Ѓорѓе Танчев-Гоце, долгогодишен член и претстедател на ЗПСК „Кожуф“, како и на д-р Ѓеорги Петков, член на клубот, кој трагично го загуби својот живот обидувајќи се да го оствари својот сон, да се искачи на
покривот на светот, врвот Монт Еверест. Исто така, вечерта, во фоајето на Народниот театар- Гевгелија беше поставена и Изложба на стари фотографии од реализирани планинарски акции на ЗПСК „Кожуф“.
По повод 70-годишниот јубилеј, клубот организира дводневна планинарска акција на Кожуф, со искачување на
врвовите Порта и Момина Чука. Учесниците ќе ноќеваат со шатори
на Марково Езеро. Поканети се Федерацијата за Планинарство и
сите планинарски клубови од Македонија, како и од Бугарија и
Србија, со кои ЗПСК „Кожуф“ има соработка.
Планинарското друштво „Кожуф“ од Гевгелија е формирано во далечната 1952 година, од гевгеличани, преживеани борци од НОБ. Низ годините, членовите имаат реализирано планинарски
маршеви и алпинистички експедиции, како на Балканот, така и во Европа и на другите континенти. Денеска, клубот брои 200 члена, продолжувајќи да организира планинарски акции од локален, републички и меѓународен карактер, унапредувајќи го планинарството како посебна форма на масовната физичка култура. Што е доказ за одржливост, континуитет и работа.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.