МКЦ е дел од „Big Time Takeover”

101

ЈУ Младински културен центар (МКЦ) од јуни оваа година па се до април 2023 е дел од голем меѓународнот проект со наслов Big Time Takeover развиен преку „Ерасмус KA2 Програмата за соработка и инвовација и размена на добри пракси на Европската унија за стратешки партнерства кои вклучуваат образовни програми за млади“. Под водство на Associazione culturale Mulab од Италија, истиот е подржан од Национална агенција за млади на Италија (Agenzia nationale per i giovani), а ги вклучува партнерските организации Rinova Limited (Велика Британија), HFC-Hope for children CRC Policy Centar (Кипар) и Fundacija Arteria (Полска).
Проектот има за цел да ги поттикне младите да ја користат својата креативна моќ и потенцијалот на модерната технологија за да проговорот на прашањата кои ја засегаат заедницата. МКЦ во овој проект ја согледува можноста да ги вклучи младите во креирање на содржина која е во склоп на проектните активности и цели, но најмногу во интерес на сегашната итност во креирање на грижлив пристап кон природата.
Од самиот почеток МКЦ соработува со уметниците Христина Иваноска и Јане Чаловски со цел да развие современ интердисциплинарен, уметнички и едукативен концепт и програма која ќе ги опфати сите клучни цели и насоки на проектот. Од овој дијалог произлезе проектот „Градината како инструмент, пермакултура како методологија“ развиен во соработка со Хајан Алхалаби, познавач во областа на пермакултурата и соработник на граѓанската иницијатива “Бостание,” кој е вклучен како експерт и едукатор во создавање на првата институционална пермакултурна градина во Скопје.
Градината ќе има за задача да ги поттикне младите (на возраст од 14 до 18 години) во три клучни области: 1. креативно изразување преку уметнички пристап кон природата, 2. користење на дигитални алатки во процесот кон пермакултурното градинарство, и 3. развивање на одговорност за својот посед и принос од работата. Главната цел е воспоставување на холистичка синтеза од различни пристапи за креативно поттикнување на младите, инспирирани од големото искуството на партнерите во проектот на локално, регионално и национално ниво.
МКЦ редовно ќе известува за развојот на проектот и за начинот на кој младите и креативните едукатори ќе можат да земат учеството во активностите.
За повеќе информации посетете ја официјалната страница на проектот:

https://www.bigtimetakeover.eu/.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.