Младинска работилница за Денот на жената

38

Во рамки на активностите опфатени во Програмата за работа на Локалниот младински совет на Општина Гевгелија за 2023 година, деновиве беше одржана работилница за учениците во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија на тема: „Правата на жените низ историјата и денес“ по повод 8 Март.
На работилницата, Памела Петровска, член на Локалниот младински совет на Општина Гевгелија и Ангела Шаренкова, претседател на Локалното собрание на млади на Општина Гевгелија, пред присутните ученици од прва и втора година, средно образование, излагаа за почетоците на борбата за економска, политичка и социјална рамноправност на жените со мажите и растежот на феминизмот низ историјата преку предводничките на женското движење за родова еднаквост. Притоа, беше отворена дискусија за правата на жената во 21 век.
По презентацијата, учениците преминаа на креативниот дел од работилницата, изработувајќи осмомартовски картички со пораки за жената, кои по завршувањето им ги поделија на директорката, Марија Танева, професорките во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија и на своите најблиски од понежниот пол.
Работилницата се организираше во рамки на годинашното мото за Интернационалниот ден на жената, #EmbraceEquits (Да ја прифатиме еднаквоста), а во соработка со Средношколската заедница во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.