Наградени млади пијанисти

16
 Во духот на натпреварувањето, дружењето и одржувањето пријателство, Гевгелија го одржа 10 Меѓународен натпревар по пијано. Од 14 до 16 јуни, 2022 година, во хотелот „Аполонија“, млади пијанисти од: Гевгелија, други градови од државата, но и од Република Бугарија и Косово се натпреваруваа во пет категории, а нивниот настап беше оценуван
од страна на стручна жири- комисија.
На Меѓународниот натпревар по пијано, учествуваа и пијанисти од ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија, кои со својот
талент и континутирано вежбање под менторство на нивните наставници, освоија две Први награди и една Втора награда.
Имено, третооделенецот Илија Димов од класата на наставникот Влатко Сапламаев и петтоодделенецот Благоја Стоев од класата на наставникот Александар Лазаров ги освоија првите две места, додека Сара Видичек, која е трето одделение, од класата на наставникот Костадин Издушнов, освои Трета награда.
Меѓународниот натпревар по пијано во Гевгелија веќе 10 години е во организација на гевгелискиот пијанист, Глигор Гелебешев, кој успешно ја вбројува Гевгелија како домаќин на натпревари, подготвена да ги дочекува
идните големи имиња од областа на пијано уметноста.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.