Недела на разбивање на бариерите во општеството-Попреченоста е прашање на перцепција

799

Во ресторанот „Амбрела “ од денеска (17. април) започнува неделата на детски работилници, промоции и настани со цел зголемување на свеста кај целокупната популација и намалување на јазот и бариерите кои постојат во општеството меѓу лицата со попреченост и останатата популација. Мотото на организаторите и сите вклучени во овој хуман проект е: Попреченоста е само прашање на перцепција, а целта е да биде што пораспространето меѓу сите граѓани.

За таа цел оваа недела ќе има неколку настани:

17.април- 17.30 часот  -Бесплатна работилница на тема Позитивна психологија – Колку ни е потребно за среќа? „Единствен начин да го промените својот својот живот, е ако поченете да ги менувате активностите кои ги правите секој ден. Тајната на успехот започнува сега“- John C. Maxwell

18.април -од 19 часот -Во организација на Здружението на граѓани за третман на лицата со Аутизам, АДХД и Аспергеров синдром – Во мојот свет, ќе биде промовирана поетската збирка „Во мојот свет “, чиј автор е Валентина Попоска, мајка на Симона Попоска, на која и е дијагностициран аутизам.

Рецензент и промотор на поетската збирка е поетесата м-р Анита Бошкова.
Музичкиот дел од програмата ќе го збогати   Сузана Турунџиева на пијано, како и студенти од Музичката академија на професор Дарко Багески, на гитара.

Издавањето на збирката „Во мојот свет“ е во рамките на повеќегодишната кампањата на Здружението „Во мојот свет -еден свет за сите “, чија цел е подигнување на свеста за аутизмот.

19.април- од 18 и 30 часот– „Велигденска детска работилница“ на која учесниците ќе изработуваат велигденски зајачиња, пилиња и кесички и ќе играт групни игри. Организаторите обезбедуваат матерјали за секое дете, а изработките после тоа секое дете може да си ги земе.

20.април од 12 часот – Интерактивна работилница за пишување и цртање  со младата авторка за деца, Билјана С. Црвенковска.  Да покажеме дека попреченоста е само прашање на перцепција, вели во најавата за овој настан.

20.април  од 18 часот –Забава за најмладите под наслов „Не лути се човече“, на којa како аниматор ќе се претстави познатиот водител на детски емисии – Ивце Пивце.
АКО НЕ СТЕ СО НАС – НЕ СТЕ СО СИТЕ!
Настанот, како што кажува и самиот наслов, ќе биде посветен на младите, играта и смеата… Ќе докажеме дека попреченоста е само прашање на перцепција дека ГОРЕ ДОЛУ сите сме еднакви.

25.април 2019 – четврток, на само 3 дена пред Велигден, актерот и стенд ап комичар Сашо Тасевски,со свое ново стенд-ап шоу: “Да се скршиме од смеење додека не сме ги искршиле јајцата”

Поради ограниченост на местата , се препорачува сите заинтересирани родители навреме да обезбедат места за своите деца за саканите настани! Убава недела на хумани, забавни и едукативни активности во „Амбрела“

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.