Нов ултразвучен апарат на Универзитетска клиника

24
Универзитетска Клиника за гастроентерохепатологија Скопје, на 17 јуни 2022 одржа прес-конференција по повод ставaње во функција на нов ултразвучен апарат кој ќе биде дел од Центарот за болести на црн дроб и примарно ќе се користи во дијагностика на карцином, а потоа и за други ултразвучни иследувања за потребите на пациентите на оваа клиниката.
Новиот апарат е од најнова генерација и овозможува добивање на подобра приказ и попрецизни информации во однос на состојбата на пациентите.
На прес-конференцијата се обратија проф. д-р Калина Гривчева Старделова, директор на Клиниката за гастроентерохепатологија и  Митко Јанчев кој го обезбедува апаратот како
донација преку Фондација „Никола Јанчев“.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.