НУ Библиотека: Марија Ѓиноска со прво место на  „Млади библиотекари 2021“  

235
(Охрид, 29 октомври, 2021 година)
Марија Ѓиноска од деветто одделение од ООУ „Живко Чинго“ од Велгошти го освои првото место на Општинскиот натпревар „Млади библиотекари“ за  2021 година. Нејзин ментор е наставничката Снежана Стојаноска.
Ѓиноска ќе го претставува Охрид на Државниот натпревар „Млади библиотекари“ кој беше закажан за декември годинава, но поради Ковид пандемијата одложен е за мај, 2022. Домаќин ќе биде Охрид, поточно НУ Библиотека „Григор Прличев“.
На општинскиот натпревар се натпреваруваа вкупно осум ученици подготвени од менторите од: ООУ „Св. Наум Охридски“, ООУ „Христо Узунов“, ООУ „Григор Прличев“, ООУ „Ванчо Николески“ од Лескоец  и ООУ „Живко Чинго“ од Велгошти.
Организатор на Државниот натпревар  „Млади библиотекари“ ќе биде Библиотечното здружение на Македонија.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.