“Операта на шумските животни” во МОБ

45

Детска интерактивна музичка претстава
Целна група: деца од 06–11 години.
11.2.2023 – 11.00 часот и 11.2.2023 – 13.00 часот
„Операта на шумските животни“ е интерактивна музичко – драмска претстава која има за цел да ја запознае и едуцира најмладата публика со оперската уметност.
Сценариото изобилува со многу комични моменти, кои се случуваат додека шумските животни се обидуваат да создадат оперска претстава.
Идеен концепт, сценарио и режија: Десанка Глигоријевиќ
Костимографија и сценографија: Десанка Глигоријевиќ
Инспициент: Драган Костадиновиќ
Светло мајстор:Нино Митевски
Тон мајстор: Божидар Илиевски, Драги Димитровски
Настапуваат:
Лиска – Надежда Рубен (оперски пејач)
Меца – Марика Поповиќ (оперски пејач)
Зајко – Јане Дунимаглоски (оперски пејач)
Був – Невен Силјановски (оперски пејач и пијанист)

Интерактивна музичко – драмска претстава која има за цел да ја запознае/едуцира најмладата публика со оперската уметност.
Сценариото изобилува со многу комични моменти, кои се случуваат додека шумските животни се обидуваат да создадат оперска претстава.
Музичкиот дел е исполнет со адаптирани популарни арии од оперите: “Кармен”, “Палјачи”, “Аида”,, “Травијата”, “Рита” и многу други арии и инструментални композиции кои се со адаптиран текст во својство на сценариото.

Билети:
Билетарница:078 426 536 ; 02 3118 451
Онлајн: www.operabalet.mk

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.