„Овој дом би го приватизирал управувањето со водните ресурси“

124

30 октомври (сабота) | 14:30 часот | Europe House Скопје

Младински образовен форум, во соработка со Институтот за комуникациски студии како дел од кампањата „Разбистри сѐ“, организира финалето на Дебатниот турнир за млади на тезата „Овој дом би го приватизирал управувањето со водните ресурси“, што ќе се одржи на 30 октомври (сабота) во 14.30 часот во Europe House Скопје (бул. „Св. Кирил и Методиј“ 52б).

Турнирот ќе се реализира во форматот на Британска парламентарна дебата, на кој повеќе од 20 средношколци од целата држава ќе дебатираат за зададената теза во тимови на две страни – влада и опозиција. Младите дебатери ќе имаат можност практично да ги применат знаењата стекнати од дебатната програма на МОФ, а победниците да станат предавачи и да учествуваат на меѓународни турнири.

Кампањата „Разбистри сè“ ја спроведува Институтот за комуникациски студии и е финансиски поддржана од Британската амбасада во Скопје.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.