Почнува “Крушево низ корија”

27

На 19 , 20 и 21 август ќе се случи по втор пат фестивалот на отворено „Крушево низ корија“ кој во своите содржини ќе опфати : кампување на Мечкин Камен со организирана забава со ДЈ и бендови, планински велосипедизам, планинарска тура низ крушевската корија, тандем летови со параглајдер и ноќна трка низ улиците во Крушево. Сите овие активности ќе бидат дополнети со дегустација и промоција на традиционални крушевски специјалитети, како и организирана посета на културните и природни знаменитости што ги нуди Крушево.
Планинскиот велосипедизам е носечка активниот која ќе биде застапена со две тури од рекреативен карактер. Помалата рута е долга 17 километри. Натпреварувачите кои ќе се одлучат да ја посетат оваа рута ќе можат да уживаат во убавините на Мечкин Камен, Крушевското Езеро, споменикот Македониум и Спомен-куќата на Тоше Проески. Додека пак учесниците на големата тура, која ќе биде долга околу 40 километри, попатно ќе ги посетат Мечкин Камен, видиковецот Кипрово, манастирот Св. Преображение, врвот Мусица, споменикот Слива, Крушевското Езеро и споменикот Македониум. Учеството на овој фестивал е достапно за сите оние кои сакаат да поминат два прекрасни дена со дружење и многу забава во највисокиот град на Балканот.На 19 , 20 и 21 август ќе се случи по втор пат фестивалот на отворено „Крушево низ корија“ кој во своите содржини ќе опфати : кампување на Мечкин Камен со организирана забава со ДЈ и бендови, планински велосипедизам, планинарска тура низ крушевската корија, тандем летови со параглајдер и ноќна трка низ улиците во Крушево. Сите овие активности ќе бидат дополнети со дегустација и промоција на традиционални крушевски специјалитети, како и организирана посета на културните и природни знаменитости што ги нуди Крушево.
Планинскиот велосипедизам е носечка активниот која ќе биде застапена со две тури од рекреативен карактер. Помалата рута е долга 17 километри. Натпреварувачите кои ќе се одлучат да ја посетат оваа рута ќе можат да уживаат во убавините на Мечкин Камен, Крушевското Езеро, споменикот Македониум и Спомен-куќата на Тоше Проески. Додека пак учесниците на големата тура, која ќе биде долга околу 40 километри, попатно ќе ги посетат Мечкин Камен, видиковецот Кипрово, манастирот Св. Преображение, врвот Мусица, споменикот Слива, Крушевското Езеро и споменикот Македониум. Учеството на овој фестивал е достапно за сите оние кои сакаат да поминат два прекрасни дена со дружење и многу забава во највисокиот град на Балканот.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.