Последното кафе го испив со Ѓорги и Шенка Колозови

32

Господинот Димитрија Петровски денес го слави својот 67 роденден. Овој весел човек, кој со семејството и живее во скопската населба Маџари, не случајно се најде на нашиот портал.
На денот кога го прославува својот роденден, а пред два дена и именден Свети Димитрија, ја открива тајната на својата виталност, доброто и пријателско расположение и голема волја за сѐ.
-Тајната на моето здрваје и моето радсположение е ми се чини тоа што секое утро со мојата сопруга Тодорка си подготвувамне по една шолја какао, мешано од два вида какао, со цимет. Тоа ги прочистува крвните садови. Не случајно какаото го нарекувале боговски напиток и легендата вели дека старите индијански племиња доколку виделе некој да краде или пие какао го линчувале, затоа Што сметале дека таква привилегија треба да имаат само боговите. А јас го практикувам овој боговски ритуал и затоа сум здрав, а сум поминал многу здравствени неволји, и многу животни премрежја.
Се сеќава дека последното кафе го испил во далечната 1991 година.
-Кафе последен пат се напив на 21 јули 1991 година, и тоа во друШтво на мојот банџанак, на мојот сосед и на славните Ѓорги и Шенка Колозови. Бевме во Охрид на одмор, јас во поштенското одморалиште, тогаш таму работев во Пошта, а тие сите беа сместени во приватна куќа. Се дружевме. Отидов да
Последното кафе го испив со Ѓорги и Шенка Колозови
ѝм покажам како се лови риба. По мераклиското кафе со Ѓорги, кој беше многу шеговит човек, токму каков што е и во телевизиските народни приказни, добив напад на срцето. Бев млад, но кафето ми делуваше и за влакно спасив глава, но оттогшШ кафе не се напив. Легендарно кафе со нашиот Колозов. Внимавам на здравјето а тоа мора да го прави и секој- да не зема тоа што му штети. Јас оттогаш прележав и други болести и неколку пати успешно се справив со короната…
Диме, кој нѝ го дава овој корисен совет, е познат во своето маало како дружељубив човек, кој на времето со задоволство се дружел со познати личности, а како млад вели на стадиото на Ѓорче Петров еднаш играл фудбал со Џамбазов, заедно со својот пријател од Велес ги сакале таквте дружења и често биле во друштво на познати личности.
Тој сега е среќен дедо на внуци, татко на три деца, Зорица и Елена и синот Филип кој е уметничка душа, иако е програмер, наоѓа време и да свири во скопската Стара чаршија.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.