Повеќе културни настани во Гевгелија во само неколку денови

100

На 3 ноември 2021 се одржа изложба на фотографии „Уметниците и Пресвета Богородица“- црква „Свети Кирил и Методиј“ на која беа прикажани најстарите икони и фрески од црквата „Раѓањето на Пресвета Богородица“ од селото Ума, како и фотографии од секојдневниот живот, облековна култура и архитектура на жителите од Ума.
Настанот посветен на традиционалната култура беше во организација на Домот на културата „Македонија“- Гевгелија во соработка со Здружението на Власи „Мегленија“- Гевгелија и Свештенството од Гевгелиската парохија, а под покровителство на Министерството за култура.
Истиот ден се одржа и изложба од Работилницата за фотографија. Во организација на Пионерски дом- Гевгелија, по втор пат се одржа Работилница за фотографија, под менторство на Димитар Новаков. Реализацијата на проектот се состоеше од предавање, општо запознавање со основите и историјатот на фотографијата, фотографирање, запознавање со елементарните постулати- смисла за композиција, фотографирање – пејсаж, апстрактни решенија, објекти, портрет, фотографирање- ден и ноќ.
Едукацијата за фотографијата и експлоатација на нејзините можности се дел од целите на оваа работилница.
Изложбата на делата беше поставена во просториите на Пионерски дом- Гевгелија и истата е видувањето на стварноста преку фотографијата која како медиум дава нови перспективи за доживување на светот.

На 5 ноември се одржа Мултиетнички фолклорен фестивал „Фолкорен ѓердан“ во  Народен театар- Гевгелија. Во организација на Пионерски дом- Гевгелија и Ансамбал „Бојмија“,  се одржа традиционалниот „Фолклорен ѓердан“, Мултиетнички фолкорен фестивал, поддржан од Министерството за култура и Општина Гевгелија. Настапуваат: „Ансамбал Бојмија“- Гевгелија, Фолклорно студио „Етнос“- Скопје, КУД „Српски вез“- Куманово, КУД „Јахи Хасани“- Чегране, Гостивар и АНПИ „Јонче Христовски“- Скопје. Проектот е поддржан од Министерство за култура и Општина Гевгелија.
Сценска адаптација на ора и песни „Мегленски Власи од село Ума и Конско“ во организација на Ансамбал „Бојмија“, проект поддржан од Министерството за култура и Општина Гевгелија.

На 6 ноември се одржа  „Гевгелија на точак“. Во организација на Здружението на граѓани „Чејнџмејкерс“- Гевгелија, по вторпат беше одржан спортскиот настан „Гевгелија на точак“ од поранешната зграда на Извршен совет, каде што започнувале многу популарните велосипедски трки во минатото. Спортскиот настан  поддржан од Општина Гевгелија.
Театарска претстава „Вообразен болен“- Народен театар- Гевгелија. Во организација на Домот на културата „Македонија“- Гевгелија,  гостуваше комедијата од Молиер „Вообразен болен“, во изведба на театарската екипа при НУЦК „Трајко Прокопиев“ од Куманово, а во режија на Драгана Гунин. Играа: Мирослав Петковиќ, Александра Михајловска, Владанка Димковска, Марко Трајковиќ, Нина Максимова, Давид Илиќ, Жарко Јовановиќ и Ангела Стојановска.
На 7 ноември (недела) се одржа атлетска трка “Новембер ран Гевгелија 2021”. Прва улична трка на 5 и 10 км во организација на Атлетскиот клуб „7 Ноември“- Гевгелија. Истата е организирана да биде реализирана според правилата на ИААФ (Меѓународната атлетска федерација). Во соработка со Атлетската федерација на Македонија се одржа и државното првенство во трчање на 10 километри.
На трката учество зедоа повеќе од 600 љубители на трчањето од земјата, како и гости натпреварувачи од Словенија, Грција, Косово и Србија.
Во 11 часот се полагаше цвеќе на спомен обележјата во Гевгелија (на спомен бистите на народните хероји и на првоборците во НОВ, на споменикот на Сава Михајлов и на Спомен костурницата).

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.