“Пролетна приказна…“ ќе се игра во сабота во КИЦ

160

„Ладна зима полека заминува, ливадите разеленуват, ластовички летаат од гранка на гранка, вредни пчели од цвет на цвет, собираат мед, убаво време дојде, добре дојде пролет. За зимата нема место, време е за пролет, нема веќе студој снегој, се појави сонце, ајде деца да играме не седете домче…“
Приказната за Зајко кој го изеде носот на Снешко, за итрата Кума Лиска која го даде Зајко на шумскиот суд кај баба Меца за да му суди за стореното дело. Со чесната одлука на Баба Меца ќе биде казнет не само Зајко затоа што го украл носот туку и Лиска затоа што не му помогнала во тешките моменти.
На крајот на приказната, среќно и весело, преку игра и песна заедно го прославуваат пристигнувањето на пролетта.
„Пролетната приказна“, e детска театарска претстава која ја обработува една од најинспиративните тематики, пролетта. Пролетта сама по себе значи будење или повторно раѓање. Долгите зимски и студени денови ги заменуваат сончеви, потопли и подолги денови, во кои пред нас го гледаме будењето на природата а со тоа и новиот подинамичен живот во периодот што следи. Сето ова, на еден суптилен и забавен начин близок до дечињата, ќе биде опишан и претставен во претставата.
Идејата е, дечињата на забавен начин да се идентификуваат со ликовите во претставата кои се персонифицирани и од разните ситуации да извлечат поука. Главните протагонисти ќе се обидат да ја разбудат детската фантазија која на посебен начин делува не само во детството туку и во годините што следат во животот. Токму таа фантазија не учи да мечтаеме и сонуваме, а преку дејствието во претставата, како соништата да ги остваруваме. Авторските песни, лесните и певливи рефрени, кореографиите, кратките и јасни дијалози, преку веселата и колоритна сценографија и костимографија ќе ја донесат магијата на сцената.
***
Учесници:
ЗАЈКО- Ристина Николова
ЛИСКА- Билјана Бајевска
МЕЦА- Димитрина Мицкоска- Трајкоска
***
Автор на текст- Симона Ристевска
режисер, сценограф и костимограф- Трајко Јордановски
кореографии- Симона Јовчева
музички аранжмани- Игор Станковиќ
Графички дизајн- Љупка Јакимовска

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.