Се одржа “Вртешка 2022”

96

Последениот викенд на Јуни од 23 до 26ти, во Планинарскиот дом Вртешка на
планината Плачковица се одржа првото
издание на “Центар за Интердисциплинарни Активности – Вртешка 2022”. Изолирани длабоко во планината без телефонска и интернет мрежа на првото издание учествуваа 35 учесници кои работеа во 5 работилници: Само сонот е стварност -експериментален филм – предводена од
Светислав Подлешанов и Кирил Каракаш,
Апстрактен пејсаж – аналогна фотографија – предводена од Тамара Дамческа, Современи театарски тнденции- предводена од Дамјан Читкушев, работилница за звук -предводена од Ади Имери и Александар Бошков и активности во природа предводени од Јован Иванов.
Програмата траеше 3 дена, секој ден беше поделен во по два блока од по 5 часа интензивнаработа на секоја од работилниците, а секоја од работилниците воспостави интердисциплинарен контакт со останатите работилници, што беше и самата цел на настанот. Така што за експерименталните филмови беше изработена музика од работилницата за
звук, а за еден од филмовите имаше музичка изведба во живо додека траеше филмот. Исто така беше компонирана и позадинска музика за изложбата на фотографии, како и за театарскиот
перформанс. Актерите од работилницата
за театар беа вклучени и во работилниците за експериментален филм и аналогна фотографија. Во слободното време сите учесници уживаа во активностите во природа и качувањето на вештачка карпа.
На завршната вечер беа проектирани два филма изработени од
двете групи во работилниците за експериментален филм, изложбата на фотографии од работилницата по аналогна фотографија, потоа публиката имаше можност да го проследи театарскиот перформанс и за крај учесниците од работилницата за звук ги презентираја своите дела со концерт со музиката која ја создадоа за време на самата работилница.
Крајниот резултат од настанот покрај сработените дела е меѓусебната соработка на младите професионалци од различните дисциплини која ќе продолжи да се развива во иднина. Настанот е во организација на Опиум Филм, во соработка со здружението Купола, поддржан од Министерство за култура,спонзорите Витаминка и Имако Вино.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.