Семејни празници- Утре е Благовец- ден на убавата вест

1529

Празникот Свето Благовештение се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април според новиот, (или на 25 март според стариот) календар.

Свето Благовештение е празник на Пресвета Богородица, но некои го сметаат и за Божји празник . Според народните верувања овој ден е благ, па и раната не боли, па затоа на малите деца им ги дупат ушите за обетки.

Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници, штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот, славејот и др. Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег.  Се верувало дека Благовештение жените не треба да се чешлаат. Оние кои сакаат да имаат деца да појдат во црквите и манастирите, пред иконите посветен на Благовештение (Убавата вест ) и да се помолат.

Утре именден слават сите со име: Благоја, Блаже, Благојка, Благица итн.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.