Сензорна соба и во “Песталоци”

54

четврток, 01.12.2022 година, ООУ „Ј. Х. Песталоци”- Центар ќе има на располагање сензорна соба опремена со мноштво на дидактички материјали, сензорни елементи и рехабилитациско-рекреациска опрема за работа со учениците од ова училиште, особено со учениците со интелектуална попреченост, со комбинирани пречки, учениците од аутистичниот спактар, со АДХД и др.
Оваа активност е спроведена како дел од Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран” кој е финансиран од Европската Унија и претставува уште една активност во насока на подобрување на инклузивноста на основните училишта во државата.
Од овој аспект, чест ни е да Ве поканиме на отворањето на оваа сензорна соба кое е закажано за четврток, 01.12.2022 година во 10:30 часот и каде потврдено присуство имаат:
Градоначалникот на Општина Центар, г-н Горан Герасимовски и други претставници од општината
Директорот на училиштето ООУ „Ј. Х. Песталоци”, г-ѓа Катерина Атанасова.
Претставници од Фондацијата „Чекор по чекор”, претставници од Здружението „Хандимак” и претставници од Здружението „Инклузива” кои го спроведуваат проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран”.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.