Сертификат за деловна успешност за 30 компании

38
02. O7.2022, Скопје
Триесет претпријатија од различни дејности го активираат Сертификатот за деловна успешност со што се потврдува дека имаат достигнато висока бонитетна оцена А и Б за 2021
година. Подигнувањето на официјалниот документ беше организирано на настан во Сојузот на стопански комори на Македонија, а сертификатите ги врачија претседателот на Сојузот, Трајан
Ангелоски и косопственик на „Таргет
Груп“ Огнен Огненовски.
Бонитетната агенција „Таргет груп“ ги
направи потребните анализи за проверка на ликвидност и солвентност на компаниите, нивните извори на средства, начинот на управување како и поединечните карактеристики на
компаниите и нивното  опстојување на
пазарот. Сојузот е вклучен во афирмација, надзор и контрола на
процесот.
„Радува фактот што преку промоцијата
која ја прави Сојузот, претпријатијата
реагираат проактивно и ја прифаќаат
важноста на поседување на овој
сертификат кој е потврда за квалитетот
на нивното работење, но и зелена карта
за пристап до нови деловни можности
особено на меѓународните пазари, што е клучно за нивниот раст и развој. Поседувањето на овој сертификат обезбедува безбедност на процеси, успеваат да го задржат или подобрат своето работење и  успеваат најголем дел од закани во нивното работењето да ги претворат во можности со цел постигнување на најдобри можни резултати“, истакна Огненовски.
Класификацијата на бонитетната оцена
подразбира претходна длабинска и
сеопфатна финансиска анализа на
трговските друштва за нивното работење во изминатата година како и споредба на нивното работење со индустријата односно стопанството. Компаниите носители на Сертификатот за деловна успешност работат многу успешно, а веројатноста за влез во еден од негативните настани во следните 12
месеци е исклучително мала.
Носителите на Сертификатот за деловна успешност имаат веројатност помала од 1% да отпочнат стечај, претстечајна постапка или ликвидација и носителите на сертификатот имаат помала веројатност од 0,81% да бидат избришани од трговскиот регистар. Меѓу компаниите кои го подигнаа
сертификатот од секторот Маркетинг и
истражување на пазар се „БТС Арт
Фактори“, „Маратон Гроуп“  и
„Скрин-Медиа“. Најголем број на
компаниите се од секторот Трговија, и
тоа „Пеко“, „Екотип“, „Фрукта-Фрута“, „Тојота Авто Центар“ и „Техно-ауто“. Во секторите Архитектонски дејности и Градежништво, потврда за бонитет имаат „Гоинвест“, “Итек системс“, „Контрол Церт“ и „Евро Консалтинг“. Од другите сектори сертификатот го активираат „Палма траде“, „Вивитех“, „Б-Тецхнолоџи“,” Кара 5 Ентертејмент“, „Ки-пар“, „Агро-калем“, „Семос компјутерски
образовен центар“, „Старкон шипинг“.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.