Скопје сеуште без реaлизација на активности за хуман пристап и згрижување на уличните кучиња

700

Пред повеќе од една година  град Скопје ја презеде иницијативата да го затвори нехуманиот стационар „Вардариште“ и одлучи објектот да прејде во надлежност на ново јавно претпријатие. Тогаш го формира Јавното претпријатие „Лајка“ кое требаше да биде само една почетна  алка од синџирот хуман пристап и решавање на проблемот со уличните кучиња.

Но, претпријатието сеуште  не функционира.

Од Градот информираат  дека стационарот е во завршна фаза, но пандемијата го отежнала завршувањето на активностите , но дека на крај на месец мај  „Лајка“ ќе работи со полн капацитет.

Заради спорото решавање на толку бомбастичното најавување на похуман пристап кон уличните животни , главниот град речиси цела година е без стационар а бездомните кучиња неконтролирано се размножуваат. Во изминатово време на корона имаше многу труења на улични кучиња и нехуман однос кој резултира со поедини напади од страна на кучињата, кои патем се гладни и незгрижени.

Да се надеваме дека Градот Скопје многу брзо ќе го отвори прифатилиштето„Лајка “ каде уличните ќе добијат соодветен третман, но и дека позасилено ќе се работи на стерилизација, вдомување и конечно улиците на Скопје ќе бидат без невдомени животинчиња. Ваквата состојба оди во прилог на сите, пред се на животните кои нема да бидат на улица , на оние луѓе кои не ги сакаат а и на оние кои ги сакаат и се грижат за нив. Секако можеби подолго време ќе чекаме на подигнуање на свеста на оние „газди“ на кучиња кои цели легла оставаат без никаква совест на улица.

Е. Максимовска 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.