„Slowscapes” – изложба на македонска мода и дизајн во “Центар – Јадро”

241

По пауза од речиси две години, изложбата на македонска мода и дизајн „Slowscapes” ќе се одржи во Kултурно социјалниот простор „Центар- Јадро“ на улица „Алберт Ајнштајн“, број 2 во Дебар маало, Скопје.
Изложбата ќе даде приказ во работата на современите македонски дизајнери, истакнувајќи ги нивните практитки што придонесуваат кон заштита на нашта средина и подобра иднина. Спротивставувајќи се на „брзата мода“ и прекумерното потрошување, изложбата ќе има за цел да ја едуцира и поддржи публиката да започне да консумира свесно и одговорно.
Поддржете ги малите бизниси. Кажете НЕ на „брзата мода“. Купувајте помалку и избирајте внимателно, е нивната порака .
Шоурумот ќе биде отворен на 29 септември до 3 октомври, а ќе функционира во периодот од 12 до 20 часот.
Учествуваат Лудус, Марта Пејоска, Волатајл, Армма, Ксенија Котев, Нина Нине, Кактус

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.