Средба на тема можност за младинско учество и младинска соработка

133

На 6 декември, 2021 година, во Малата сала на Народниот театар, со почеток во 12 часот, ќе биде одржана Инфо-сесија на тема: „Запознавање со работата на Регионалната канцеларија за младинска соработка и можностите за младинско учество“, во организација на RYCO, поддржана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Во рамки на настанот, ќе бидат претставени целите, мисијата, активностите и тековните проекти на организацијата RYCO, во кои младите од различни локални заедници можат активно да се вклучат. Исто така, и лично да го запознаат младинскиот претставник во RYCO, со кого директно можат да разговараат за потребите на младите, за можностите на младите во различните локални заедници, како и да споделат искуства од претходни младински размени и придонесот кон нивниот личен развој и кон заедницата. Да се запознаат со работата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, како и со работата на Агенцијата за млади и спорт.
Настанот ќе биде организиран според важечките здравствени протоколи, почитувајќи ги мерките за организирање на настани. Инаку, Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) функционира како независен институционален механизам и е насочена кон поддршка на процесот на помирување и соработка помеѓу младите од регионот на Западен Балкан преку програми за младинска размена.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.