Штитениците од СОС детско село вечерва ќе слават полуматурска и матурска

554

Полуматурската и матурската прослава за штитениците од СОС детско село, вечер ќе се одржи во Универзитетското бифе на ФОН Универзитет. Прославата е од отворен и хуманитарен карактер, а студентите од Факултетот за дизјан и мултимедија се погрижија да го организираат настанот и да обезбедат гардероба за полуматурантите и матурантите.

За време на настанот ќе има кутии за донации. Со донираните пари ќе се обезбедат технички материјали кои му се потребни на СОС детско село за понатамошно дневно функционирање на децата без родителска грижа.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.