Швајцарија и “Пакомак” со инвестираат селектирање на амбалажен отпад

17

Минатата година, Пакомак со поддршка на Швајцарија постави повратни вендинг машини за селектирање на пластични шишиња и лименки во повеќе големи маркети низ државава. Со одлагање на амбалажниот отпад во вендинг машините, граѓаните имаат можност да собираат зелени поени и истите да ги користат за плаќање во маркетите со помош на Екомак апликацијата достапна на Google & Apple. Од неодамна, граѓаните имаат можност да пронајдат ИГЛО контејнер и на онлајн мапата, достапна на следниот линк https://app.maps.pakomak.mk:7443/. На оваа мапа граѓаните може да се информираат каде најблиску можат да го одложат селектираниот отпад, имено во сините контејнери се одлага хартија, во зелените стакло и во жолтите пластика.

 

ПАКОМАК во партнерство со Швајцарија ја модернизираат инфраструктурата неопходна за селектирање на амбалажниот отпад Пакомак, како прва и водечка компанија за управување, селекција и рециклирање на отпадната амбалажа во земјава, повеќе од една деценија успешно и посветено работи на создавање на здрави, зелени навики кај граѓаните и спроведување на најсовремени технологии за управување со отпад. Годишно, тие собираат и носат на рециклирање околу 28-30.000 тони или скоро 25-27% од вкупните количини на амбалажен отпад во земјата. Со цел да се подобри селектирањето и одлагањето на отпадот, во партнерство со Владата на Швајцарија, Пакомак инвестира во паметни зелени технологии кои го олеснуваат процесот на селекција за граѓаните. Во рамки на оваа соработка, денес Швајцарската амбасадорка, Н.Е. Вероник Улман, официјално му предаде на Пакомак два специјализирани камиони за собирање на отпад од пакување.

– Пакомак веќе има воспоставено механизми за селективно одложување на отпадот, потоа и негово рециклирање, но сé уште има простор за подобрување. Токму затоа, Швајцарија работи со посветени партнери, како што е Пакомак, да се поддржат националните и локалните иницијативи за одржлив развој. Навремено празнење на контејнерите и поставување на повеќе вендинг машини е еден од начините на кои може да придонесеме со цел сѐ повеќе луѓе да ги користат можностите за селектирање- потенцираше Амбасадорката.

Новите камиони ќе ја покриваат целата територија на Република Северна Македонија, истите се опремени со најсовремена технологија за управување и ќе се собира амбалажниот отпад: стакло, пластика, метал и хартија кој граѓаните го одлагаат во познатите зелени, жолти и сини ИГЛО контејнери.

– „Особено сме горди и благодарни на Владата на Швајцарија за досегашната соработка. Работиме посветено во насока на позиционирање како одговорна, иновативна и „зелена„ компанија чија мисија е унапредување на општеството преку спроведување на успешни и одржливи стратегии за управување со отпад. Денешната донација е само потврда дека сме на вистинскиот пат и дека сме препознаени како стабилен и успешен партнер. Новите камиони ќе ни овозможат уште подобро управување со отпадот кој граѓаните го одлагаат во нашите ИГЛО контејнери. Се надеваме дека соработката со Владата на Швајцарија ќе продолжи и во иднина бидејќи тоа ќе биде од огромна помош за исполнување на ЕУ целите кои што ги има нашата држава„ – изјави Филип Ивановски, генерален директор на Пакомак.

110.000 тони амбалажен отпад ја загрозуваат животната средина во земјава

Околу 110.000 тони амбалажен отпад од различни типови се создаваат годишно во земјава, а несоодветното одлагање заради несоодветно селектирање на тој отпад влијае негативно врз здравјето на луѓето и животната средина. Иако има напредок во селектирањето и рециклирањето на отпадот, сè уште има многу работа пред нас. Потребни се постојани напори за подигање на свеста на граѓаните и подобрување на инфраструктурата за селектирање на отпадот за дополнително да се намали количината на амбалажен отпад што завршува на депониите.

Поткревањето на свесноста кај граѓаните за важноста на темата и нивното активно вклучување во селектирањето на отпадот е клучно за собирање на амбалажниот отпад кој може потоа да се рециклира, наместо да се одлага во депониите каде што ќе остане со години и ќе влијае негативно на животната средина и климатските промени. Токму затоа освен инвестициите во контејнерите, Пакомак постави и вендинг машини со цел да се селектираат пластични шишиња и лименки кои можат повторно да се рециклираат во амбалажа. Имено, ПЕТ пластичното шише кое сте го одложиле ќе може да се рециклира и тој материјал ќе се искористи за производство на исто такво шише кое што во иднина може повторно да заврши кај вас, при тоа заштедувајќи околу 60% од емисиите на СО2. Тоа се најновите ЕУ стандарди на циркуларната економија и барања кои што треба и ние да ги практикуваме, односно од пластично ПЕТ шише повторно да добиеме ПЕТ шише за иста намена со цел што е можно помалку да користиме материјали од природата за производство на амбалажата.

Граѓаните преку веб страницата на Пакомак може да пристапат до мапите и до апликацијата и да се информираат повеќе за тоа како од селектирање на амбалажен отпад може да се допринесе до почиста и поздрава животна околина.

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.