TrashTour: The Movie!, краткометражен документарен филм за еколошко движење

94

Пред неколку дена е објавен TrashTour: The Movie!, краткометражен документарен филм кој ги прикажува настаните и одвивањата за време на проектот TrashTour кој го спроведовме 24–29 Август низ повеќе градови во Македонија – Кичево, Охрид, Прилеп, Кавадарци, Струмица и Штип.

За Почиста Македонија е еколошко движење кое се појави во 2020 со цел преку активно дејствување да ги инспирира и мотивира граѓаните да се активираат во решавање на проблемите со несовесно фрлање ѓубре и да ја преземат одговорноста во свои раце. TrashTour е проект кој имаше за цел да го прошири ова движење и надвор од Скопје.

Овој филм има едукативен карактер и има за цел позитивно да влијае врз целокупниот менталитет и апатијата која граѓаните ја имаат према проблемите со ѓубрето, но и да испрати порака дека промени во ова поле се можни доколку граѓаните се активираат кон нивно остварување.

https://m.facebook.com/zapochistamakedonija

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.