Се одржа натпреварот „Млади библиотекари” во Охрид

159

 

Охрид, 25 октомври, 2021 година

Во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид во петокот се одржа традиционалниот општински натпревар „Млади библиотекари“.И во услови на Ковид -19 со почитување на сите протоколи библиотека се покажа како добар домаќин. Се натпреваруваа осум ученици подготвени од менторите: Валентина Рубаноска од ООУ „Св. Наум Охридски“ Пештани, Санте Миткова од ООУ „Христо Узунов“, Наташа Митреска ООУ „Григор Прличев“, Емилија Блажеска од ООУ „Ванчо Николески“ од Лескоец и Снежана Стојаноска од ООУ „Живко Чинго“ од Велгошти.Тестирањето по претходно подготвени прашања од областа на библиотекарството го спроведе комисијата: Никола Ристовски – претседател, Бети Лазеска – Симоноска,Елизабета Бојчевска и Христина Трпеска-членови.

Наскоро ќе биде познат победникот на општинскиот натпревар кој ќе има право да го претставува Охрид на Државниот натпревар „Млади библиотекари“ чиј домаќин треба да биде охридската библиотека а поради Ковид пандемијата е одложен за мај идната година.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.