Трет меѓународен мастер турнир во ватерполо во „Борис Трајковски“

59

Скопје, 2.11.2023 – на 3.11 и 4.11, по повод 13 Ноември – ослободувањето на Скопје, ќе се одржи третиот по ред меѓународен мастерс турнир во ватерполо во базенот „Борис Трајковски“.
Турнирот е во организација на ВК Вардар Ветерани, a учество ќе земат 13 екипи со играчи од 12 земји – Македонија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Грција, Турција, Словачка, Унгарија, Велика Британија, Јапонија, Германија и Бугарија. Домаќинот Вардар ќе настапи со две екипи.
Турнирот веќе прерасна во традиција, а целта е афирмација на ватерполото кај младата популација, како и дружба и нови пријателства помеѓу љубителите на овој спорт од целиот регион и пошироко.
Во петок, 3.11.2023 во 13:00 часот градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, свечено ќе го отвори турнирот, а натпреварите ќе се играат во петок и сабота од 10:00 до 17:00 часот. Базенот ќе биде отворен за посетителите кои ќе сакаат да ги проследат натпреварите, а влезот е бесплатен.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.