Учениците го уредија дворот на СОУ “Јосиф Јосифовски”

153

СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија го имплементира проектот „Ученички иницијативи“, преку кој учениците заедно со наставниот кадар беа вклучени во активности за одредување проблеми и решавање на истите. Имено, преку овој проект се уредува југоисточниот дел од дворната површина во Средноучилишниот центар. Со проектот се предвидува расчистување на теренот, хотикултурно уредување и поставување урбана опрема, односно клупи за седење и чешма за пиење вода.
Реализацијата на проектот е во соработка со ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија. Уредувањето на југоисточниот дел од дворната површина е детектиран „проблем“ на неколкуте одржани состаноци од страна на тимот наставници кои се вклучени во проектот и средношколската заедница.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.