Успешна извидничка иницијатива ” Исчисти ја Македонија”

148
mi
На иницијатива на извидници од Извиднички Поречански Одред “ЈАДРАН” од Скопје се организираше и  се одржа национална еко акција под слоганот “Исчисти ја Македонија” на ден 19.03.2022 по повод денот на пролетта.
На иницијативата се приклучија 17 извиднички одреди распоредени низ
целата територија на Република Македонија со 380 извидници учесници и
тоа:
•    И.О Авантуристи – Кавадарци
•    И.О Браќа Миладиновци – Скопје
•    И.О. Методи Митевски Брицо – Скопје
•    И.О Наум Наумовски Борче – Крива Паланка
•    И.О. Гоце Делчев – Св. Николе
•    И.О. Димитар Влахов – Велес
•    И.О. Еквинокс – Штип
•    И.О. Мирко Милески – Кичево
•    И.О. Пионир – Охрид
•    И.О. Псио – Скопје
•    И.О. Скаут Пелистер – Битола
•    И.О. Феникс – Прилеп
•    И.П.О. Галеб – Скопје
•    И.П.О. Јадран – Скопје
•    И.П.О. Сидро – Скопје
•    И.П.О. Крсте јон – Струга
•    И.О. Ластовица – Кочани
Во соработка со дел од општините како и неизмерна подршка од страна на пријатели на извидниците, успеавме да собереме 560  метри кубни собран смет и шут.
 Иницијативата “Исчисти ја Македонија” е исклучиво финансирана од учесниците извидници и извидничките одреди од сопствени финансии.
Извидништвото во Македонија е најорганизирана и најефикасна организација способна за  вршење општествени позитивни промени на територија на
целата Република Македонија со молскавична ефикасност.
Оваа иницијатива беше тест за нашата спремност како организација да се справиме на национално ниво со работи од важност за Македонија кој е во целост успешен.
Видео од иницијативата “Исчисти ја Македонија 2022”
Видео од иницијативата “Исчисти ја планината 2021”
Видео од иницијативата “Исчисти ја планината 2019”
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.