Утре, вториот Skopje air fair

18

Здружението за подобро воздухопловство АВИКОН од Скопје (www.avicon.mk) ќе го одржи вториот по ред SKOPJE AIR FAIR кој ќе се одржи утре, во недела, на 13.11.2022, во Градскиот Парк на Школка, со почеток од 11 часот.
Skopje Air Fair претставува воздухопловно- едукативен саем и негова основна цел е промовирање на различните видови на професии во областа на воздухопловството. https://aviconn.org/events-projects/skopje-air-fair-2022/
Под покровителство на Град Скопје, саемот за прв пат се одржа минатата година во организација на Авикон, а оваа година традиционално продолжува со зголемен број на учесници.
Учество на саемот ќе земат голем број на организации од областа на
воздухопловството, како Агенцијата за цивилно воздухопловство, ТАВ, Воздухопловна Федерација, М-НАВ а.д. Скопје, Спортските аероклубови од земјава, Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, Народна техника, Макетарски и моделарски клубови од земјава, Ад Вербум, Воздухопловната академија од Србија, Европскиот воздухопловен институт од Романија како и ексклузивниот учесник Wizz Air од Унгарија. Во оваа прилика Wizz Air ќе ја презентира својата програма за регрутирање и тренинг на нови пилоти.
Претставници од овие институции во неформален формат пред младите ќе ги претстават можностите за стекнување квалификации доколку се одлучат за некоја од професионалните опции во областа на воздухопловството. На овој начин, имајќи можност директно да се обратат и разговараат со луѓе коие веќе се дел од воздухопловството, посетителите ќе добијат јасна претстава за насоката на нивниот кариерен развој. Немајќи формално образование во нашава земја за многу од воздухопловните професии, АВИКОН верува дека ова е начинот како младите да имаат појасна слика доколку се одлучат утре да станат и самите тие воздухопловните професионалци.
Како за млади, Skopje Air Fair е наменет и за сите љубители на воздухопловството кои се заинтересирани за меѓусебна соработка и размена на идеи и знаења од оваа област. Организаторот Авикон претставува здружение на воздухопловни професионалци и ентузијасти, а основано е во 2020 г. во Скопје со единствена цел – унапредување на воздухопловството.
Пријатели на Skopje Air Fair кои помогнаа во реализација на истиот се Општина Карпош и Пакомак.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.