Во Паркот на уметноста: Добредојдовте, ластовички!

54


Скопје, 23.03.2023 година

На 19 Март се слави денот на ластовичлте, денес по тој повод во Паркот на уметноста беше одржана посветена поетска приредба, и изложба на цртежи на Живко Поповски Цветин.
Поетите од Друштво на Писатели на Макеоднија Горан Анчевски и Мирче Нешовски рецитираат своја поезија. Свои стихови за пролетта прочита и Викторија Велева, а Валентина Ѓоргиевска Парго ја прочита “Мојата сина птица” од Анте Поповски.
Програмата ја поддржаа и шаховската легенда Димче Илиевски и познатиот уметник Игор Митриќески.
***
Ластовиците се мали птици, кои тежат само по дваесетина грама, а способни се да прелетаат илјадници и илјадници километри. Штом денот почнува да се намалува, нивниот инстинкт за преживување проработува. Тие знаат дека тоа значи оти доаѓаат студени денови и дека нема да има доволно храна тука, па затоа се подготвуваат за пат. Од нашиве простори, ластовиците ги прелетуваат Средоземното Море и Сахара, минувајќи денови и денови по различни временски услови за да поминат неколку илјади километри и да стигнат до посакуваната дестинација во Африка, каде што ќе презимат. Напролет се враќаат назад.

***
МОЈАТА СИНА ПТИЦА

Лесно ќе ја распознаете мојата сина птица:
таа не ги колве кората и плодовите на овошките,
не застанува на карпите, не демне по мрши и коски,
– мојата птица никогаш не се симнува од небесата.

Мојата птица ги покрстува небеските варвари,
светлината ја пресоздава во писмо според кое
бела како коска, студена како кама

– неизвесноста пустоши низ нас…

Толку високо, самоти ѕвездите,
можеше да се искачи само зборот,
мојата сина птица:

со клунче од звуци, со крилја од глаголи…

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.